Рускиот претседател Владимир Путин ги продолжи контраcaнкциите против одреден број западни држави до крајот на 2021 година, се наведува во текстот на указот кој беше објавен на официјалниот сајт за правни информации.
– Од 1 јануари до 31 декември 2021 година ќе го продолжиме дејството на специјалните економски мерки, предвидени со указот на претседателот на Руската Федерација од 6 август 2014 година.
Покрај тоа, на владата и беше наложено, во согласност со нејзините надлежности, да обезбеди спроведување на мерките потребни за спроведување на декретот.
Односите меѓу Русија и Западот се влошени поради ситуацијата во Украина и по анексијата на Крим во Русија. Земјите на ЕУ прво воведоа индивидуални санкции за поединци, а потоа беа применети ограничувачки мерки по сектори, опфаќајќи одредени гранки на економијата.