Одлучено: Нова директорка ќе го раководи ОOУ “Кочо Рацин” Прилеп

После подолго време нова промена на директорските места во Прилеп

Нов директор од денеска доби ООУ “Кочо Рацин” кое ќе биде раководено од Јулијана Тренкоска, вработена како одделенски наставник во училиштето.

Тренкоска доаѓа на местото на досегашната директорка Зора Чадамова.

Претходно нови директори добија основните училишта: “Гоце Делчев”, “Добре Јованоски”, “Климент Охридски”, “Круме Волнароски”, музичкото училиште “Oрдан Михајлоски-Оцка” и “Рампо Левката”.

Промени засега не се направени во средните училишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.