Одлично организирана свеченост на ЏК Пролетер, претставени најдобрите за 2015год.

5

Џудо Клуб Пролетер – Прилеп успешно ја заврши натпревачката 2015 година. Во опуштена и празнична атмосфера, Џудо Клубот Пролетер од Прилеп одржа традиционална свеченост, каде што беа наградени најдобрите натпреварувачи за 2015 година. Признание добијаа и сите организации, медиуми и спонзори, родители и членови во управата на клубот, кои имаат исклучителен придонес за афирмација на Џудо Клуб Пролетер – Прилеп. Освоена е 51 титула од државните првенства во Р.Македонија,  24 златни, 14 сребрени, 13 бронзени. Екипен победник во Сениорска конкуренција за 2015 год. Најуспешен во кадетска и јуниорска конкуренција беше прогласен Ангелов Борче, стандарден репрезентативец кои учествуваше на 3 Европски купови во Загреб, Берлин, Теплице, при што имаше 4 победени борби и освоени бодови за идните Европски купови. Ангелов исто така учествуваше на Младинската Олимпијада во Тбилиси-Грузија. Најуспешен сениор беше прогласен Велески Никола, дологодишен репрезентативец и капитен на сениорската екипа на клубот. Најуспешен пионер беше прогласен Јорданчо Геориоски, освојувач на 6 меѓународни медали. Најуспешна пионерка беше прогласена Теодора Димеска, која се закити со 5 медали од меѓународна сцена. За најуспешен млад пионер до 11 години беа прогласени Петрески Мартин и Кироваков Марко, кои исто така се едни од најперспективните членови, кои имаат освоено голем број медали на меѓународна сцена. ЏК „ПРОЛЕТЕР’’ Прилеп, своите тренери и управата на клубот ви посакуваат се најдобро во Новата 2016 многу здравје, љубов и среќа а на своите натпреварувачи му посакуваат уште повеќе успешни настапи и освоени медали.

3 4 6 7 222 11111




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.