Одлично за секое утро: Рецепт за вкусно смути кое ќе ве „крене“ подобро од кафе

Сами изберете го моментот кога сакате да го пиете овој здрав и вкусен пијалок, во зависност од тоа дали ви е потребна дополнителна енергија или за закрепнување.

Ова смути е вистинска витаминска бомба и речиси веднаш ќе ја поттикне вашата енергија на повисоко ниво, благодарение на хранливото богатство на состојките од кои е направено.

Потребно е:

3 портокали, половина лажица брусница (свежи или замрзнати), половина банана, 1/4 лажица грчки јогурт, малку екстракт од ванила

Излупете ги бананите и портокалите, исечете ги на помали коцки, и заедно со сите други состојки, ставете ги во блендер. Кога сè ќе се соедини убаво и ќе стане хомогено и течно, истурете во чаша и веднаш испијте. Корисниот ефект ќе се почувствува после половина час.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.