Во организација на Воздухопловниот Спортски Клуб „Фил Феникс“ од Прилеп на 3 и 4 Август 2024 г. на прилагодениот спортски терен кај с.Веселчани како преднатпревар на Светското Јуниорско Првенство веќе дваесет и четврта година по ред се одржа натпреварот од светскиот куп „Прилеп Куп – Трофеј на Прилеп“, натпревар во воздухопловно спортско моделарство, во категорија на модели за слободен лет (едрилици, модели со погон на гумен мотор и модели со погон на клипен и електро мотор).
На Светскиот Куп во пет категории учествуваа 101 натпреварувач од 14 држави, од кои покрај Македонија присутни беа Кина, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка Република, Естонија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Полска, Словачка, Шведска и Украина.
Натпреварот беше реализиран врз основа на високи стандарди. Редовниот дел од светското првенство се реализираше во 5 турнуси, секој во траење од 1 час, а во периодот од 18.30 па до стемнување се одвиваа полуфиналните и финални летови.
Дводневниот натпревар се одржа на високи температури но со ветар со слаб интензитет кој овозможи моделите да не постигнуваат екстремни далечини.
На натпреварот од светскиот куп членовите на Воздухопловниот Клуб „Фил Феникс“, но и членови на другите македонски клубови имаа одличен пласман.
Во категорија Ф1А (едрилици)
– Сениори
Пласман Натпреварувач Клуб
8-то место Лука Најдоски ВСК „Фил Феникс“ Прилеп
9-то “ Симона Тошеска “
13-то “ Дино Најдоски “
20-то “ Димче Велкоски “
38-то “ Зоран Велкоски “
30-то “ Небојша Стошиќ СМК „Нимбус“ Кавадарци
Во категорија Ф1А (едрилици)
– Јуниори
Пласман Натпреварувач Клуб
4-то место Лука Најдоски ВСК „Фил Феникс“ Прилеп
6-то “ Дино Најдоски “
30-то “ Леона Чејкова СМК „Нимбус“ Кавадарци
Во категорија Ф1Х (помали едрилици)
Пласман Натпреварувач Клуб
1-во место Дино Најдоски ВСК „Фил Феникс“ – МКД
2-ро “ Даниел Пејков Бугарија
3-то “ Андре Сеиферт Германија
Без бодови за генералниот пласман во светскиот куп останаа Анастасија Пожарска и Михаил Пожарски, кои не настапија на натпреварот.
Во категорија Ф1Б (модели со погон на гумен мотор)
Пласман Натпреварувач Клуб
8-мо место Климент Масин Аеро Клуб „Охрид“ Охрид
12-то “ Петар Цветановски “
14-то “ Михајло Арсенов “
25-то “ Анастас Божинов “
Со високиот пласман Лука Најдоски освои 428 нови бодови кои му обезбедија 3 место на листата во генерален пласман во светскиот куп. Во зависност од резултатите кои ќе ги постигне во наредните натпревари од светскиот куп тој може да се бори за повисок пласман, но за него и за македонските воздухопловни спортови задржувањето на третото место и освојувањето на бронзениот медал ќе претставува огромен успех и продолжување на континуитетот на освојување на овие престижни трофеи.
До денес медал од генерален пласман во светскиот куп имаат освоено Бојан Димески и Анастасија Пожарска.
Постигнатите резултати исто така им овозможија освојување на првите бодови во светскиот куп и на Дино Најдоски, Петар Цветановски и Климент Масин, со што се подобрува значењето на македонските воздухопловно моделарски спортови преку зголемување на коефициентот на учество на наши спортисти со освоени бодови во ФАИ.