Одлични настапи на младите пингпонгари од Младост 96 на Телеком мастерсите кои викендов се одржаа во Прилеп

Изминатиот викенд продолжија активностите на ППК Младост96. После одлично организираниот Меморијален турнир, два дена во Прилеп се одржуваа Телеком Мастерсите за У19, У11 и У13. Наредниот викенд повторно во Прилеп ќе бидат Мастерсите У15 и сениорскиот мастерс.

Играчите кои ги бранеа боите на клубот постигнаа одлични резултати. Оваа година со градскиот ривал Младост, се направи одлична соработка во делот на позајмици на играчи, онаму каде двата клубови имаа потреба. Тренерот на Младост, Зоран Јованоски, излезе во пресрет и ги позајми за оваа полусезона Софија Хасану и Емилија Маркоска, за да можи клубот, а и самите играчи да играат во сениорската лига, како и во јуниорската лига, каде Младост96 има пријавено свои екипи. Додека Младост96 на екипата на Младост за оваа полусезона им го отстапи својот надежен млад играч, Трајче Маркоски.

Софија Хасану го освои Јуниорскиот мастерс убедливо без ниту еден пораз, додека пак Емилија Маркоска одигра одлично и го освои третото место, а Васе Богоеска се пласира во осумте најдобри, иако имаше одлична игра и можеше да се пласира во полуфиналето.

Лука Огненовски одигра одлично, но во 1/8 финале се сретна со играч кој подоцна го освои третото место.
Кај машките, Трајче Маркоски, кој оваа полусезона е играч на Младост, играше финале и го освои второто место во У13, додека Мартин Ристески го освои третото место, а Давид Јоноски заврши меѓу осум најдобри.
Наредниот викенд очекуваме нови медали




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.