Одлична премиера на прилепскиот народен театар

1

Синоќа театарот ,,Војдан Чернодрински,, премиерно ја прикажа претставата ,,Ајнштајновите соништа,, од Алан Лајтман, во режија на Слободан Унковски. Публиката проследи една фантастична претстава со одлична режија, музика, костими и игра на актерите. Заслужено на крајот дојде и громогласниот аплауз.
Унковски, како што може еден мајстор на режија направи едноставна по својот излед, но многу силна безвременска претстава која говори за патувањето низ времето. При тоа режисерски покажа дека времето е релативно , има многу аспекти, многу различни светови, кои некогаш се движат наназад, некогаш одат напред, некои се вртат во круг, а понекош се водат паралелни животи.
Актерите Марија С. Илијеска, Наталија Теодосиева, Јасмина М. Станкоска, Катерина Ч.Клинческа, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Мартин Манев, Илија Волчески докажаа дека знаат да се справат со материјалот од текстот на Лајтман.
Надополнување на претставата беа одличната музика на Златко Ориѓански и костимите на на Розе Трајческа- Ристовска.Заслужен е и Русомир Богдановски како автор на драматизацијата.
Со комплетниот театарски чин повторно синоќа се потврди дека прилепскиот театар е еден од најдобрите во овој момент во земјата.
Претставата ,, Ајнштајновите соништа,, многу брзо премиерно ќе биде прикажана во театарот,, Навигатор Цветко,, во Скопје.

2

3

4

5




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.