Одлична организација, прилепчани уживаа во возбудлив спортски настан – Се одржа првата велосипедска трка “Tрофеј Прилеп” (Фото галерија)

Во текот на вчерашниот ден во организација на ВК Херој од Прилеп и Велосипедска Федерација на Македонија, по прв пат се одржа велосипедската трка „Трофеј Прилеп“, прва професионална трка после 7-8  години во градот.

Учество во неа зедоа 46 лиценцирани велосипедисти од Македонија, поделени во 7 категории.

Трката се возеше низ улиците на Прилеп, но најголем дел отпадна на булеварот “Гоце Делчев”. Еден круг беше со должина од 2.4 км, а според категоријата се возеше и бројот на кругови. Стазата беше затворена за сообраќај од страна на сообраќајната полиција при ОВР Прилеп, со помош и на ученици од сообраќајниот отсек  при СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, додека пак за обележување на патеката учество зедоја петнаесетина волонтери.

На настанот имаше и некои компании со свои штандови кои нудеа промотивни производи.

Настанот го отвори градоначалникот Борче Јовчески со свој говор, а граѓаните на Прилеп уживаа  во трките, како на стартно целната рамнина, така и оние кои беа по кафулињата, терасите, дворовите…

На трката велосипедистите на ВК Херој се закитија со четири медали, од кои 2 златни и 2 бронзени.

Стефан Маџоски во кадети и Филип Илиоски во мастерс освоија трети места, додека пак Константин Костоски во јуниори и Влатко Лозаноски во мастерс беа најбрзи.

Резултати по категории:

Сениори

  1. Александар Милошески – ВЕЛО-М – Куманово
  2. Јован Паневски – ВК Крос сајклинг – Куманово
  3. Мемед Мемеди – МВК Велес – Велес

Јуниори

  1. Константин Костоски – ВК Херој – Прилеп
  2. Никола Ристески – ВК Пелистер 15ти Мај – Битола
  3. Кирил Анчевски – ВК Крос сајклинг – Куманово

Кадети

  1. Марио Блажевски – ВК Крос сајклинг – Куманово
  2. Мартин Спасевски – ВК Оксижен – Скопје
  3. Стефан Маџоски – ВК Херој – Прилеп

Мастерс

  1. Влатко Лозаноски – ВК Херој – Прилеп
  2. Игор Михајловски –ВК Феникс сајклинг – Скопје
  3. Филип Илиоски – ВК Херој – Прилеп

У-15

  1. Марко Чекеровски – ВК Оксижен – Скопје
  2. Александар Ристовски – МВК Велес – Велес
  3. Христијан Николиќ – МВК Велес – Велес

У-13

  1. Александрос Јанакопулос – ВК Пелистер 15ти Мај – Битола
  2. Огуз Хан Балта – ВК Адреналин сајклинг – Гостивар
  3. Дамјан Петров – МВК Велес – Велес

Жени У-15

  1. Оља Цветанова – ВК Крос сајклинг – Куманово
  2. Бера Кализи – ВК Адреналин сајклинг – Гостивар
  3. Михаела Наумоска – ВК Пелистер 15ти Мај – Битола

Честитки за најбрзите, а исто  така честитики за организацијата на ВК Херој. Се надеваме дека ќе продолжат со уште поголемо темпо кон развивање на велосипедизмот во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.