Речиси при крај е изградбата на детската градинка во населбата Точила во Прилеп. Камен темелникот за оваа градинка беше поставен во април минатата година, а ветувањата од тогашните власти беа дека ќе биде завршена со изградба до Нова година.
Објектот според тогашните најави е вреден 133 милиони денари, а ќе има капацитет за 252 деца. Според најавите градинката ќе биде модерен енергетски ефикасен – самоодржлив и прилагоден на современите стандарди за вакви установи.
Ова е добра вест за прилепчани чии деца се ставени на чекање поради исполнетоста на капацитетите во детските градинки.