Одличен трик за љубителите на шпагети, домати и здрава храна – ВИДЕО

Screenshot_3-2-640x414

Aко сте љубители на шпагети, домат, здрава храна, или едноставно немате поим со готвење и секој пат се надевате дека можете да припремите храна, а да не уклучите шпорет, тогаш овој трик е за вас. Сосот од домати, е најпопуларен сос за шпагети на светот, може да се направи на 1001 начин, но постои само еден начин да го направите, а притоа да не готвите ништо.

Тоа подразбира ситно сецкање или мелење на свежите домати. За да го направите тоа, доматите прво морате да ги излупите, што и не е лесна работа и секогаш постои можност да останете без дел од прстите.

Затоа трикот со рендање е толку генијален, не само тоа што нема готвење, туку рендето ќе го излупи доматот за вас. Се што треба да направите е доматот да го пресечете на два дела и потоа да го изрендате како на видеото. Во рацете ќе ви остане кората на доматот, а долу ќе добиете совршен сок. Додајте малку маслиново масло, зачинете по желба, сол и бибер и измешајте ја смесата со зготвени шпагети.

Се е готово за неколку минути и ќе нема потреба од повикување на пожарникари или итна помош!

Погледнете го видеото:

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.