Одличен прилог за секое јадење: Комири кои ќе ги обожавате

Помфритот е омилен прилог со повеќето јадења со месо. Сепак, она што ги тера многу луѓе да стават помфрит на списокот на непожелни прилози е големата количина на масло што ја апсорбираат компирите при пржење.

Паметните домаќинки најдоа одлично решение – помфрит од рерна, што е исто крцкав како оној од пржење или тава, но со минимално количество масло.

Состојки:

1 кг компир, 3 полни лажици пченкарно брашно, црвен пипер, суви зачини, бибер, 2 лажици масло

Припрема:

Излупете го компирот, па исечете го на осмини. Соединете ги пченкарно брашно, црвен пипер, сув зачин и бибер, а потоа во таа мешавина додате ги компирите.

Поставете плех со хартија за печење, ставете ги компирите на хартијата, лесно посипете ги со масло и ставете ги во рерна. Компирите треба да се печат на 250 степени додека не поруменат.

Послужете со кое било јадење од месо и сезонска салата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.