Одличен потег кој треба да го следат и прилепските компании

Комапнијата „Линк медиа“ бесплатно ќе го украси Скопје за Нова година, почнувајќи од 10 декември, соопшти Град Скопје.

На повикот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат.

– Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот – изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата „Линк медиа“.

Компанијата најави дека со украсување ќе започне на 10 декември. Град Скопје и „Линк медиа“ спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во октомври оваа година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.