Рома загуби од Удинезе со 0:2 како домаќини во 29-то коло од Серија „А“ синоќа, а поразот на „волчицата“ практично значи крај на нивните соништа за место во топ 4 и пласман за Лигата на шампионите следната сезона.
Во 12. минута Кевин Лазања успеа да го доведе својот тим предност на „Олимпико“. Половина час подоцна, играчот на Рома, Диего Пероти беше испратен со директен црвен картон за фаул над противничкиот играч.
Дванаесет минути пред крајот на регуларното време Удинезе стигна до вториот гол преку нашиот Илија Несторовски.
Така, Удинезе се искачи на 14-тата позиција во Серија „А“ со 31 поен – шест бода над зоната за испаѓање.
Рома, од друга страна, останува на петтото место со 48 бода – 12 зад четвртата Аталанта, која го доби својот натпревар од рундата.