Оди кон 2 евра за литар: Од полноќ ново пocкапyвање на гopивата?

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) соопшти и денеска повторно ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа, а веќе на „Гориво.мк“ се појавија и новите цени.

– Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Меѓутоа, како што беше објавено на „Гориво.мк“ може да се забележи дека Еуросупер БС-95 чини 109 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 111,5 денари. Цената на дизелот е 99,5 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.