Оддржана презентација на тема одржлива енергија

1

Во рамките на проектот „Енерџинет“ финансиран од европската унија, денеска во СОУ „Ристе Ристески Ричко“, се оддржа презентација за одржлива енергетска тематска мрежа на прекуграничните власти. Овие презентации се дел од проектот „Тематската мрежа на одржлива енергија на прекуграничните локални власти – ЕНЕРГИНЕТ“ кој се имплементира во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.

2

Тие имаат за цел да ги запознаат учениците со концептот на одржлива енергија и енергетска ефикасност. Презентациите се реализирани од страна на Грчкиот партнер, со поддршка на Општина Прилеп и средните училишта.

3

Во проектот се вклучени 5 општини од прекуграничниот регион, и тоа од македонска страна општините Прилеп и Велес, а од страна на Грција општините Лерин, Ираклија и Визалтија. Вкупниот буџет од овој проект кој е наменет за Општина Прилеп изнесува околу 120.000 евра и опфаќа повеќе различни активности.
Во наредните два дена средните училишта во Прилеп: СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ и Гимназијата „Мирче Ацев“ ќе бидат домаќини на проектот за одржлива енергија.

4

5

6

7

8




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.