Денеска во Прилеп беше оддбележан „Светски ден на сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди“. Децата од сите основни училишта во градот излегоа со порака, секогаш да бидат заштитени во сообраќајот. Статистичките податоци укажуваат на фактот дека бројот на загинати деца во сообраќајни незгоди е недозволиво висок и дека учеството на децата во вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди покажува тренд на зголемување што ја наметнува потребата за преземање на соодветни мерки за поголема безбедност на децата во сообраќајот.
Во чест на сите загинати лица во сообраќајни незгоди, Претседателот на Совет на општина Прилеп, а воедно и Претседателот на Општинскиот совет за безбедност г-динот Никола Димески се обрати пред присутните и заедно со сите учесници оддадоа почит на „Светски ден на сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди“.