Согласно постапката за избор на Претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Комисијата за избори и верификација при ФФМ на вчерашната седница во „Куќата на фудбалот“ констатирала дека до крајниот рок за поднесување кандидатури биле поднесени вкупно четири кандидатури.
Комисијата за избори и верификација ги разгледала доставените кандидатури при што ги донела одлуки да ги одбие кандидатурите на Харалампие Хаџи Ристески, Влатко Костов и Вујадин Станојковиќ.
Кандидатурата на Хаџи Ристески беше поднесена од страна на ОФС Неготино и ОФС Ресен.
Хаџи Ристески ја предводеше Фудбалската федерација на Македонија во нецели три последователни мандати, а неговата функција заврши во 2012 година, кога Хаџи Ристески поднесе оставка.
Комисијата за избори и верификација при ФФМ ја прифати само кандидатурата на Сашко Тасев која беше поднесена од стана на ОФС Кавадарци.
Тројцата останати кандидати имаат право на жалба во рок од три дена.