Едноставно е, но ќе ви ја покаже вашата моментална состојба на ум и може да ви помогне да пронајдете решение за проблемите.
Одберете свеќа.
Црна свеќа- Ние секогаш ја гледаме црната боја како симбол за негативност. Но, оваа боја не е само тоа.Има моќ да ја повика енергијата на луѓето кои веќе си заминале и добри спомени кои се изгубени. Па затоа ја запалуваме оваа свеќа во време на тага, која некои од вас ја чувствуваат во моментот.
Виолетова свеќа- Оваа боја ја симболизира енергијата и внатрешните вибрации. Ако се чувствувате несигурни или вашата самодоверба е на ниско ниво, запалете ја оваа свеќа! Виолетовата свеќа некако може да ги олесни работите, а чувството на олеснување конечно ќе се појави.
Бела свеќа- Белата свеќа е симбол на сѐ она што е чисто – тоа може да биде нашата душа, нашите намери и јаснотијата на нашите цели. Можеби ќе посакате да запалите една ваква свеќа кога ќе се чувствувате изгубени, затоа што може да ги осветли патот и да ве смири.
Сина свеќа- Сината боја ги симболизира нашите физички карактеристики и квалитети. Таа боја се доживува како ладна и мирна и може да ви помогне да го подобрите расположението. Дали сте умствено уморни од сѐ што ќе ви се случува? Запалете сина свежа, таа создава исцелувачка атмосфера.
Зелена свеќа- Ова е бојата која го симболизира опкружувањето на Земјата. Исто така ја симболизира срцевата чакра во индијската медицина. Запалете ја зелената свеќа ако се чувствувате одвоени од убавината на природата.
Жолта свеќа- Жолтата боја обично е поврзана со умствените процесирања. Таа има најголемо влијание врз вашите мозочни сигнали и одговорна е за квалитетот на вашето размислување. Запалете жолта свеќа кога ќе бидете бомбардирани со секакви информации, затоа што тоа може да му даде поголема јасност на вашиот ум.
Црвена свеќа- Во кинеската култура, оваа боја симболизира сѐ што е поврзано со радост. Може да има и други негативни конотации како опасност, но во суштина има многу позитивна вибрација. Користете ја мудро исто како што го користете оганот кој може или да ве изгоре или да ве загрее.