По повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври „ Денот на македонската револуционерна борба“, делегација од Локалната самоуправа на општина Прилеп положи свежо цвеќе пред спомениците на „Методија Андонов – Ченто“, „Ѓорче Петров“ и „Пере Тошев“, Могилата на Непобедените, на гробот на „Пере Тошев“ во црква „Св Благовештение“, пред спомен плочата на Ѓорче Петров во населба Варош и на гробот на Методија Патчев во Кадино село. На истите локации по повод 23-ти Октомври свежо цвеќе положија и претставници од останатите политички структури, сојуз на борци и здруженија на граѓани. Во рамките на одбележувањето на празникот во центарот на Прилеп се оддржа и Велосипедски настан – 122 години Македонска Револуционерна Борба, а во вечерните часови, започна честувањето на вечерна богослужба во црквата „Св. Петка“ и Духовна акдемија.