Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше одбележан нејзиниот патрон празник и 74 години од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев. Чествувањето започна со положување на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој, која се наоѓа во кругот на касарната, а потоа одбележувањето продолжи со пригодна програма во која учество зедоа учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ и КУД „Мирче Ацев“.
„Денеска е голем ден за нас. Вчера започнавме со чествувањето кое не потсетува на трагичната смрт на народните херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев. Денешниот ден од оваа година па понатаму ќе биде втемелен во традициите на АРМ, со тоа што сакаме да оддадеме чест и почит на оние кои ги дадоа животите за слободна и независна Македонија. Оние кои беа посилни од сите тие кои сакаа да го држат во ропство и да го угнетуваат македонскиот народ. Ние како АРМ и припадниците на гарнизонот во Прилеп со овој чин им оддаваме почит на сите херои“, вели бригадниот генрал Мирче Ѓоргоски, командант на првата механизирана пешадиска бригада, во чиј состав е артилерискиот батаљон.
На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој
„Мирче Ацев и Стражо Пинџур го дале својот живот за Македонија и ова е голем ден за нас. Инаку оваа касарна многу значи за Прилеп, не само од безбедносен аспект, туку и од економски аспект. Исто така со војниците и АРМ имаме одлична соработка кога се работи и за хуманитарни мисии, а тоа се покажа на дело лани кога имавме големи поплави во Пелагонија“, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Присутните на настанот имаа можност да ја разгледаат и изложбата на опремата и вооружувањето со кое располага оваа единица.