По повод патрониот празник на музичкото училиште, “Ордан Михајлоски-Оцка” од Прилеп, градоначалникот заедно со директорот на училиштето ги промовираа новите кабинети во училиштето по пијано и народни инструменти, а училиштето доби нова звучна изолација, нови врати и нова конструкција на влезот.
Вкупната вредност на овие инвестиции изнесува 800 000 денари.
После тоа следуваше пригодна концертна програма подготвена од учениците и нивните ментори, а делегации од општината, училиштето и Созјузот на борци положија и свежо цвеќе на Могилата на непобедените.