Одбележан Денот на независноста на Република Македонија 8-ми септември

 

 

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегации од локалната самоуправа на Прилеп, Сојузот на борците, на политичките партии и граѓанските здруженија положија цвеќе и им оддадоа почит на прилепски дејци кои се бореа за слободна и самостојна држава.

5

Цвеќе беше положено на споменикот на првиот третседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, пред  споменикот на идеологот на Народната револуција во НОБ Кузман Јосифоски Питу, пред спомениците на пере Тошев и Ѓорче Петров, на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои и пред споменикот „Карпалак“.

– Осми септември е сонот на бројни генерации за самостојна и независна Македонија. Денес тој е стварност. Борбата на современите генерации е да изградиме просперитетна, економски силна и стабилна  држава, а во неа и економски цврст Прилеп со нови работни места и многу инвестиции, порача градоначалникот Марјан Ристески.

По повод празникот денеска ќе биде поставен камен-темелник на нов трговско-деловен центар во центарот на Прилеп, инвестиција на компанијата „Тинекс“ од Скопје

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.