Да се грижиме за околината значи ѓубрето да го фрламе на одредено место, помалку да се возат автомобили или пак да се заменат со велосипеди, да употребуваме еколошки неотровни средства за домаќинство и многу други правила кои се неопходни да се почитуваат , со цел да се допринесе за почиста околина и поздрава средина.
По тој повод на „Ден на екологијата“- 21.03.2017 во училиштето СОЕПТУ „Кузман Јосифоски –Питу“, расположени,со многу насмевки и позитивна енергија учениците и наставниците се вклучија во акцијата да го исчистат своето училиште и училишниот двор.