Одбележано завршувањето на реконструкцијата на основното училиште „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци

1

Преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, заедно со општина Прилеп, денеска беше одбележано завршувањето на реконструкција на училници, тоалети и адаптација на објект во читална во основното училиште „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци. Реконструкцијата беше финансирана од Владата на САД преку Европската команда на САД, во рамките на учеството на училиштето во проектот на УСАИД. Целосна санација се состоеше од: две училници, помошна просторија, ходник, санитарни јазли во централното училиште на ООУ „Кирил и Методиј“ во Кантларци во вредност од околу 1.400 000,00денари од кои околу 1.200 000,00 денари од УСАИД и 200.000,00 денари од ЕЛС Прилеп.

Во своето обраќање, Координаторот за операции во Канцеларијата на аташето за одбрана при Амбасадата на САД во Скопје, Главен наредник Дејвид Кокс, истакна дека:

„Постои и една позитивна приказна којашто се случува во училиштата низ Македонија, а којашто е поврзана со младите луѓе тука и нивната иднина. Тоа е приказна за етничка хармонија меѓу учениците, нивните родители, наставници и соседи, а ние треба да осигуриме дека и оваа приказна ќе биде прераскажана”.

„Во тек е постапката за набавка на нова опрема за училниците во вредност од повеќе од 350.000,00 денари средства од ЕЛС Прилеп. Ова е четврт успешно реализиран проект во соработка помеѓу УСАИД и општина Прилеп, од кои два проекти во ООУ „Блаже Конески“ и реконструкција на училиштето во н.м Беровци“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.

Градоначалникот Ристески како наредни проекти во основното училиште во н.м Канатларци ги посочи:
-ново повеќенаменско игралиште и
-реконструкција на санитарните јазли.

[Best_Wordpress_Gallery id=”195″ gal_title=”Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието”]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.