Одбележани 14 години од трагичниот настан кај месноста Карпалак, каде загинаа десет прилепски бранители за време на воениот конфликт во 2001 година. Во нивна чест еден ден пред датумот кога се обдележува чествувањето во чест на десетте загинати прилепски бранители беше посетена касарната „Мирче Ацев“ каде делегации положија цвеќ и ја посетија спомен собата во чест на загинатите кај Капралак. Свежо цвеќе се положи и пред споменикот во с.Лениште по што делегациите го посетија манастирот Св.Петка каде се служеше вечерна богослужба.
По повод одбележувањето на овој трагичен настан од поновата македонска историја делегациии од општината, од советот, соборци, граѓани најпрвин го посетија местото на трагедијата каде пред спомен плочата положија свежо цвеќе, а потоа им се придружија на членовите на нивните семејства на градските гробишта за подоцна заедно да се упатат пред споменикот „Карпалак“ во центарот на градот каде се одвиваше централниот настан. Во своето обраќање по повод одбележувањето на 14 годишнината од трагичниот настан градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески уште еднаш го изрази своето сочуство истакна дека загубата неможе да се врати но затоа мора да се почитува нивното херојско дело. Нивната пожртвуваност нe обврзува сите да го чуваме и почитуваме уставниот поредок на Македонија, да ги чуваме слободата, независноста и суверенитетот на нашата држава рече Ристески. Пред споменикот во центарот на Прилеп, освен делегацијата од општината, свежо цвеќе положија и делегација од Владата на Р. Македонија претводена од министерот за одбрана на Р.Македонија Зоран Јолевски, делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија и Генералштабот на АРМ, делегации од здруженија на борци од Прилеп и Македонија, семејставта на загинатите и претсавници на политичките партии.
[Best_Wordpress_Gallery id=”5″ gal_title=”Одбележани 14 години од КАРПАЛАК”]