Одбележани 114 години од загинувањето на Методија Патчев

DSCI0032

По повод 114 години од загинувањето на македонскиот револуционер Методија Патчев делегација од Локалната самоуправа предводена од Советникот за образование Марјан Матракоски положи свежо цвеќе. По тој повод учениците од подрачното училиште „Страшо Пинџур“ од Кадино Село приредија културна програма на која беа прочитани рецитали и песни за животот на војводата Методија Патчев. Методија Патчев е роден во Охрид 1876 година, а загинал во 1902 година во Кадино Село, заедно со уште седум комити кои ја бранеле Македонија од турското ропство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.