Плоштадот во Тетово вчера беше обоен во боите на македонското знаме. Во раце со рачно изработени знаменца и во црвени и во жолти маички, учениците од нижите одделенија од основните училишта го прославија 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија.
Под мотото „Децата пеат за Македонија“ се одржа културно-уметничка манифестација, во која учестуваа учениците со неколку точки, хорот Крешендо и КУД Шара.
Ваква прослава во градот под Шара се организира за прв пат, а иницијатори беа одделенските наставнички од училиштата.