По големите резултати на репрезентативците на КК Ронин на меѓународна сцена во 2015,на крајот на 2015 во Македонскиот Народен Театар, во организација на АМС, се одржа изборот на најдобри спортисти на Македонија за 2015. И оваа година епитетот најуспешна женска екипа во македоснкиот спорт за 2015 го понесе ката тимот на Ронин односно државниот ката тим во состав на, близначките Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа, пред ракометраките и одбојкарките. Статуетката Спортски оскар, заслужено ја доби прилепскиот тим, пред се заради историскиот сребрен медал од Светско Првенство во Џакарта Индонезија 2015г., но и заради златните медали на Балканското првенство во Дубровник и златниот медал на Карате Оне Премиер Лигата во Истанбул 2015г. Во 2014 година исто така ката тимот доби Спортски Оскар за најуспешна екипа во Македонија.
Карате Федерацијата на Македонија минатиот викенд во Скопје, по завршувањето на изборното собрание на КФМ, каде по трет мандат е избран актуелниот Претседател Драган Стојановски, вечерта на 9ти Јануари ги прогласи најдобрите каратисти, тренери и клубови за 2015г. За прилепските каратисти многу награди, дури 6 плакети за каратистите на Ронин, со што КК Ронин е најнаградуван карате клуб за 2015г. Освоени се следните награди: во категоријата јуниорки, сите три награди се за Прилеп, најуспешна јуниорка е Маријана Димоска, втора е сестрата близначка Мишела, а трета е Киријана Камческа. Карате клубот Ронин е втор најуспешен клуб за 2015, веднаш зад Металург од Скопје, а тренерот на клубот Златко Димоски е второнаграден најуспешен тренер за 2015г. Пулексенија Јованоска е трета наградена во категоријата најдобри сениорки. Репрезентативците на Ронин започнаа со подготовки за Европското Првенство кое во фебруари ке се одржи на Кипар.
[Best_Wordpress_Gallery id=”120″ gal_title=”Ronin”]