Огромна радост за спортски Прилеп! Матеј Белистојаноски стана европски шампион, во финалето триумфираше над каратист од Грција

Матеј Белистојаноски носи голема радост за спортски Прилеп и за цела Македонија од Европското првенство за кадети, јуниори и У21, кое од петокот до денеска се одржа во градот Лимасол на Кипар.

Македонскиот репрезентативец и член на Карате клубот “Спорт 94”, во Прилеп се враќа со златен медал, што е огромен успех за македонското карате и потврда на неговите квалитети.

Белистојаноски во финалет, во категорија Кумите до 67кг., беше подобар со 2:0 против Гркот, Георгиос Балиотис, и се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Честитки за Матеј и желби за уште поголеми успеси во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.