ОГРОМНА РАДОСТ! Големо Коњари го скрши мразот и дојде до први 3 бода, Победа поразена во Радовиш

Во 6. коло од Втората фудбалска лига, екипата на Големо Коњари конечно го скрши мразот и триумфираше над Кожуф со 1:0.

Ова се први бодови за екипата од прилепско, која до триумф дојде преку автогол во 31. минута од натпреварот, доволен за три бода и голема радост за сините од Големо Коњари.

Екипата останува на последното место, но овој триумф и тоа како ќе биде мотив за следните натпревари. Во наредното коло Големо Коњари гостува кај Вардар од Неготино.

Во Радовиш пак, Победа беше одново поразена кај Детонит со 3:1, и покрај добрата игра која црвено-белите ја покажаа на теренот.

Во наредното 7. коло, Победа ја пречекува Слога од Виница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.