По објавувањето на листата за пратеници за 4 ИЕ, врие во СДСМ Прилеп.
Поискусните членови се длабоко разочарани од кадровските решенија и од одлуката на централата, во Прилеп повторно да се гласа за Миле Талевски, кој важи за најголем губитник во последните изборни циклуси.
Прилеп е на маргините и сега целата партиска машинерија треба да се мотивира, за еден пратеник да зема 2.500 евра плата, а сите други да останат во длабока опозиција.
Во чаршиските кулоари се погласно се шпекулира дека овие избори СДСМ Прилеп ќе нема ни 8.000 гласови, и дека уште отсега огромен број разочарани членови преминуваат во ЗНАМ на Максим Димитриевски.
Уште пострашно е што актуелниот претседател на ОО СДСМ Прилеп и Генерален директор на Тутунски Комбинат, Зоран Пачешкоски, не е ниту на последното 20 место од листата за пратеници, и тоа навестува дека целата негова екипа ќе ги бојкотира овие избори.
Вечните пратеници и губитници во СДСМ Прилеп, ќе доведат до распад на целата структура, макотрпно градена во изминатите години.