Огромен капиталец фотографиран во водите на Велешкото езеро

Фотографија на која се гледа огромен сом на површината на водата, се тврди дека е фотографирана денеска во водите на велешкото езеро „Младост“. Фотографијата е објавена од велешанец, кој на фејсбук има профил со име Nik Morisson.

Не е тајна дека на дното на велешкото езеро има огромни сомови, кои лежат, речиси неподвижни, вкопани во тињата и се хранат со помали риби. Но, ова е реткост сом да се приближи на површината на езерото, за да може да биде фотографиран. На фотографијата, на левата страна од сомот може да се забележи контура на уште една голема риба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.