Oгромен и многу редок смарагд, чија вредност се проценува на повеќе од 2,5 милиони долари, пронајден е во рудник во Замбија.
Каменот содржи 5,655 карати.
Го откриле геологот Дебаприј Ракшит и рударот Ричард Капет во Кагем, во најголемиот рудник за смарагди, а каменот тежи 1,1 килограми.
Смарагдот бил наречен “Инкалам” , што на локалниот јазик значи лав.
Инаку, давањето на име е резервирано само за ретки и многу вредни драгоцени камења.
A whopping 5,655-carat emerald as big as your hand has been found in Zambia https://t.co/1TjclMyIDt pic.twitter.com/0U2egBODfy
— CNN (@CNN) October 31, 2018
Смарагдот Инкалам е речиси два пати поголем од најголемиот небрусен дијамант на светот, кој е пронајден во 1905 година во Јужна Африка. Смарагдите се пронаоѓаат почесто, но е потешко да се проценат.
Инкалам ќе биде продаден на приватна аукција во Сингапур во ноември, а 10% од таа сума ќе биде донирана за проектите за заштита на дивите животни во Замбија и Мозамбик.