Ограбил банка за да „побегне“ од сопругата во затвор

Седумдесетгодишниот Американец Џон Лоренс Рипли од Канзас Сити ограбил банка за од сопругата да побегне во затвор.

jon-lorens-ripli-640x427

Рипли на шалтерскиот работник во банката му дал лист со напишана порака дека е вооружен и дека бара да му се дадат парите од сефот на банката.

Во судскиот извештај пишува дека Рипли  земал 3000 долари и потоа мирно седнал пред соседната банка и на чуварот му кажал дека е тој лицето кое полицијата го бара за грабеж на банка.

На судењето Рипли е прогласен за виновен за грабеж на сојузна банка во Канзас и во моментов се соочува со казна од 20 години затвор.

Судијата и адвокатите сега го разгледуваат целиот случај и размислуваат која е соодветната каза за оваа лудост на 70 –годишниот Рипли.

Агент на ФБИ во судскиот процес истакнал дека пред грабежот Рипли имал вербална расправија со својата сопруга на која и кажал дека пишува порака за да ограби банка. Но, она што е интересно на судскиот процес неговата сопруга цело време била крај него.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.