-На 08.01.2025 во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04.01.2025 до 08.00 часот на 08.01.2025 со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул.„Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола, и биле одземени пари во различни валути и апоени.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.