Се бара лице за работен однос на позиција Проектен координатор за работа во Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.
Лицето треба да има завршено високо образование, одлично познавање на англискиот писмен и говорен јазик (ќе има тестирање), вештини и искуство за организирање и координирање на работа, комуникативност, да поседува возачка дозвола од Б категорија и да има искуство во возење.
Заинтересираните кандидати да достават биографија и мотивациско писмо до 1 февруари 2023 на e-mail [email protected]. За повеќе информации секој работен ден од 8-16 часот на телефон 070 208 367.