Драган Коалревиќ од Чачак на необичен начин заштедил за регистрација на автомобилот. Последните шест месеци секој ден купувал по еден долар во менувачница и собрал точно 181 долар, толку колку што му треба за регистрација на возилото.
-Секој ден купувам по еден долар (нешто повеќе од 100 динари) наместо половина кутија од најевтините цигари. На тој начин собрав 181 долар, односно 19.500 динари, точно колку што чини регистрацијата. Кога отидов во менувачница да ги заменам за динари, човекот во менувачницата не можеше да поверува.
Тој вели дека на ист начин оди и на море секоја година, „за инает на премиерот“.
-Купувам по долар секој ден наместо по евро, еврата се монети, а доларот е банкнота. Еврото потсетува на железни динари, тоа го прави евтино, а банкнота во рака е друга работа. Обидете се, нема да се покаете, порачува чачанецот.