Овој викенд највисокиот и најдолгиот стаклен мост во светот ќе биде пуштен во употреба. Мостот ги поврзува двата дела на планината Аватар која се наоѓа во провинцијата Хунан во Кина.
Мостот бил довршен во декември и е долг 430 метри. За неговата изградба се потрошени 3.4 милиони долари. Мостот е висок 300 метри и претставува една од најспектакуларните градби во Кина.
Мостот е совршено безбеден и дозволува во исто време на него да има и до 8000 посетители.
Погледнете на каков начин е тестирана неговата цврстина.