Ако наскоро треба да станете родители размислете за иднината на детето кое еден ден ќе се роди, а главната преокупација е секогаш името кое треба да се избере.
Ние ви претставуваме 7 женски имиња кои се интернационални, односно прифатени секаде во светот, а имаат посебнао и моќно значење.
Хана: Има неколку значења во зависност од потеклото. Кога станува збор за арапско потекло, означува паметна, искусна и разумна жена. Кога станува збор за името Хана од хебрејско потекло значи „милост“. Постојат уште неколку толкувања – дека настанало од зборот за билката кана, односно дека значи босилек, пријатен мирис.
Хелена: Грчко име кое означува светлост, блескавост.Според хеленската легенда станува збор за името на најубавата жена на светот, ќерката на Зевс.
Клара: Ова име влече потекло од Италија, а изворното потекло му е од латинскиот „кларус“ што значи „јасна, чиста, светла“.
Миа: Миа е скратено од Мариа. Во романските јазици „миа“ значи „моја“, На грчки „меа“ значи „само една“. Често им се дава на девојчиња кои мајките долго ги чекале и ги посакувале.
Мила: Името Мила настанало од истоимениот збор „мила“ а се толкува како некој мил, близок до срцето, грациозен.
Маја: Најпопуларното толкување на ова име води потекло од името на древната грчка божица. Била најстара, најсрамежлива и најубава од седумте ќерки на Атлас и Плејона. Во римската митологија пак Маја била божица на плодноста и пролетта. Од друга страна, на хебрејски ова име доаѓа од зборот „ма јан“ кој означува извор, поток.
Зое: Едно од најпопуларните модерни имиња, а кратко и јасно ова име на старогрчки значи „живот“.