Дел од градот кај Лук Оил, болницата “Борка Талески”, населба “Рид”, населба “Марино Маало”, утре, 7 јули од 5 до 6 часот ќе бидат без електрична енергија.
Екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа на локациите.
Планираните прекини во систем за електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.