Ова е листата на најбогатите луѓе на сите времиња. Резултатот навистина ќе ве изненади.
БРОЈ 10 – Џингис-Кан (1162 – 1227 Монголско царство)
Неговото богатство во најголем дел се состоело од земја, а се работи за еден од најголемите освојувачи на сите времиња. Го контролирал просторот од Кина до Европа, а неговото царство било најголемо во историјата.
И покрај верувањата дека неговата војска крадела, тоа не е вистина. Тој бил многу великодушен, па воениот плен го делел со војниците.
БРОЈ 9 – Бил Гејт (1955 – САД)
Неговото богатство се проценува на околу 80 милијарди долари и тој беше најбогатиот човек на светот.
Тој е единствениот жив на оваа листа.
БРОЈ 8 – Алан Руфус (1040 – 1093 Англијa)
Внук на Вилијам Освојувачот, заедно со својот вујко учествувал во освојувањето на Нормандија.
Кога умрел, Руфус имал, пресметано во денешна валута, 11 илјади фунти, но во тоа време тие пари вределе колку 7% од БДП на Англија.
БРОЈ 7 – Џон Д. Рокефелер (1839 – 1937 САД)
Рокефелер се збогатил преку нафтениот бизнис. До 1880 година неговата компанија “Standard Oil” контролирала 90% од производството на нафта на САД.
Кога умрел, богатството му е проценето на 1,5 милијарди долари, а денес тоа би изнесувало околу 341 милијарди долари.
БРОЈ 6 – Едрју Карнеги (1835 – 1919 САД)
Иако Рокефелер е медиумски најексплоатиран, Карнеги е веројатно најбогатиот Американец на сите времиња.
Овој шкотски имигрант ја продал компанијата Us Steele за 480 милиони долари. Денес тоа би било околу 372 милијарди долари.
БРОЈ 5 – Сталин (1878 – 1953 Советски Сојуз)
Сталин бил диктатор кој ја контролирал една од најголемите економии на светот во неговото време.
СССР во 1950 година, 3 години пред смртта на Сталин, имал 9,5% од уделот во светската економија.
Иако тие пари не му припаѓале лично на Сталин, тој бил човекот кој ја контролирал оваа “фабрика за пари”.
БРОЈ 4 – Акбар Велики (1542 – 1605 Могулско царство, Индија)
Најголемиот владетел на Могул династијата контролирал царство кое вредело колку една четвртина од светскиот БДП.
БРОЈ 3 – Царот Шензонг (1048 – 1085 Кина)
Во време на неговото владеење Кина била најмоќното економско царство во светот.
Неговото богатство извирало од техничките иновации кои биле стотина години пред своето време.
БРОЈ 2 – Август Цезар ( 63 г.п.н.е.- 14 Римско Царство)
Не само што Римското Царство имало удел од една третина од светскиот БДП, туку Цезар и самиот имал огромно богатство.
Неговото богатство е проценето на 4,6 билиони долари.