Ова се условите на Путин за прекин на вojната

Москва е подготвена да преговара за условите со Киев, изјави во четвртокот попладне портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесува руската РТ.

Песков тврди дека Путин „изразил подготвеност да се вклучи во разговори со својот украински колега“, но со акцент на добивање гаранција дека Украина ќе биде „неутрална“ и ветување дека нема да го чува оружjeто на своја територија.

Според Песков, овие услови ќе овозможат „демилитаризација и денацификација на Украина“ и ќе го елиминираат она што Русија во моментов тврди дека е закана за нејзината безбедност.

„Претседателот ја обликуваше својата визија за она што го очекуваме од Украина со цел да ги реши проблемите на таканаречената „црвена линија“. Тоа е, значи, неутрален статус и одбивање да се распореди оружje“, повтори Пешков.

„Операцијата има свои цели – тие мора да се постигнат. Претседателот рече дека сите одлуки се донесени и дека целите ќе бидат постигнати“, продолжи Песков, сугерирајќи дека доколку Киев се согласи да ги исполни нивните барања, нападот врз Украина може да биде запрен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.