Ова се смешните страни на секој од хороскопските знаци

Секој хороскопски знак е специфичен на свој начин и остава простор и за онаа другата, смешната страна. Прочитајте го смешниот хороскоп и сигурно ќе се препознаете во некои работи.

Овен

Овните ретко кога кажуваат едно, а прават друго. Обично прават нешто погрешно и не зборуваат за тоа. Си го ценат мислењето, горделиви се и без разлика дали живеат во палата или во картонска кутија, до крајот на животот ќе инсистираат дека тоа е токму она кон што се стремеле цел живот. Овенот сите одлуки ги донесува детинесто, лесно стапува во брак, ама лесно и се разведува, а неговиот партнер има склоност кон необични несреќи со смртен исход или со тешки повреди. Овенот има различни веѓи и секогаш самозадоволен израз на лицето.

Бик

Биковите се дефиниција за емоционален ролекостер. Во еден момент се среќни, а веќе во следниот се километри под земјата. Бидејќи е земјен знак, Бикот може да ужива во паузите меѓу туширањето, буквално поретко се тушира од останатите знаци бидејќи тоа му е во природата. Биковите сакаат филмови со среќен крај, ама немаат никаков проблем да му се истурат на келнерот ако им доцни со кафето. Без никакво животно искуство им прават стручна психоанализа на пријателите и им даваат замерки за непостоечки работи.

Близнаци

Сакаат да мислат дека се половина Сократ, половина Микеланџело, додека во реалноста се половина Џокер, а половина Бетмен. Агресивни се и неподносливи, сакаат како луси. Агресивни се и неподносливи. Во состојба се да се расправаат со сопствените деца за последното парче торта. Ги користат Вагите како вреќа за удирање и ослободување од стресот. Зборуваат гласно за да бидат слушнати, што е вистинска штета бидејќи најчесто си се обраќаат самите себеси. Всушност Близнаците не се ништо друго освен параноична Водолија. Нема некој кој не ги сака Близнаците, бидејќи сите сакаат шизофреничари.

Рак

Раковите мора да знаат што се случува во животите на сите живи суштества во галаксијата. Штета што често немаат претстава што се случува во нивниот живот. Тоа обично им го кажуваат пријателите. Се облекуваат само затоа што мораат, а најмногу би сакале да бидат голи цело време. Кога мораат, ја пеглаат облеката, така што ја ставаат под душекот. Тврдат дека се тактични и дека имаат решение за сè, совет за секого. Вистинскиот збор би бил беспомошни, никој не ги сфаќа сериозно. Ако сте Рак и ви се чини дека некој ве зафркава, веројатно сте во право. Но во едно се добри – во носењето на пијаните пријатели дома. Тие пријатели се обично Рибите.

Лав

Лавот сака внимание по секоја цена, дури ни самозапалувањето не е надвор од опциите. Често си го бакнува својот одраз во огледалото откако му се воодушевува цел час. Лавовите мора да ги сослушате до крај, зашто ако ги прекинете и тргнете да ја напуштате просторијата, ќе застанат пред вас и ќе го завршат својот монолог, кој секако се однесува на нив. Тешко стапуваат во брак бидејќи никој не им е достоен. Ако и решат да се омажат, Лавиците најчесто го кријат својот партнер заклучен во шпајзот за да не ги срами кога ќе дојдат гости.

Го сакаат целото внимание само за себе. Сакаат добри расправии и борби, особено со Овенот.

Девица

Девицата е најиритантниот знак. Припадниците на овој знак се концентрираат на правилно дишење и редење на гардеробата по боја. Ја чистат секоја површина двапати дневно со четка за заби, а потоа со лупа бараат бактерии. Опсесивно-компулсивното пореметување е еуфемизам за Девиците. Честопати се предизвикувачи на сообраќајни незгоди. Кога ќе ги прашаат зошто, одговорот е обично дека автомобилот на несреќникот бил премногу валкан. За Девиците сè не е црно или бело, туку чисто или валкано. За нив дефиниција за пекол е живот со Водолија. „Сатаната“ Водолија ќе остава ѓубре зад себе и уште ќе се смее за тоа. Толку се луди што омилена занимација им е отворање и затворање на вратата на фрижидерот, обидувајќи се да ја измамат сијаличката.

Вага

Толку се елегантни и фини што никој не ги поднесува. Вистинско биполарно пореметување на дело – Вагата не е во состојба да донесе одлука. Нејзиното интересирање за актуелните случувања завршува со новиот моден магазин. Постојано се грижат што мислат другите за нив. Не јадат брза храна и никогаш сами не го фрлаат ѓубрето. Тоа е под нивното ниво. Според легендите, во историјата на постоењето на продавниците за користена гардероба забележани се само две Ваги – предавници на својот знак. Претенциозни и надмени, Вагите се најчестиот холивудски знак.

Шкорпија

Родените во знакот Шкорпија рано почнале да се интересираат за компјутери само за да можат да употребуваат специфична терминологија, па не чуди фактот што хакерите се најчесто од овој знак. Навистина се посебни, Шкорпиите се од оние луѓе кои се во состојба да запалат цигара додека се тушираат. Својата животна филозофија ја објаснуваат со пцости. Шкорпиите мамат во игрите на среќа. Тешко им е да сфатат дека „Ѕвездени патеки“ е фикција, а тие не се водачот Борг. Затоа не зачудува што Ноќта на вештерките е во периодот на Шкорпиите. Само тогаш можат да се маскираат во доктор Ху, а да не бидат уапсени за нарушување на јавниот ред и мир.

Стрелец

Стрелците се родени авантуристи. Убиваат пајаци со голи раце и немаат проблем да одат во темница до тоалетот среде ноќ. Повеќе би прифатиле сериозни повреди отколку да направат нешто на полесниот начин. Сакаат да бидат забавувачи, да ги забавуваат семејството и пријателите, но и непознатите. Гласни се и немаат проблем да го навредат соговорникот. Стрелците ги сакаат животните и малите деца, а возрасните апсолутно не ги поднесуваат. Стрелецот никогаш не го запознавајте со родителите.

Јарец

Јарците се вредни, поверливи и ужасно здодевни. Добри се во математиката, што има врска со тоа што се најголемите „давежи“ од сите знаци. Повеќето политичари се токму Јарци. На некој начин се наоѓаат меѓу Лавот и Девицата, мислејќи дека тоа ги прави харизматични, а всушност не сфаќаат дека тоа и не е некој комплимент. Способни се. Во случај на нуклеарна катастрофа животот на земјата би го продолжиле само Јарците и лебарките. Немаат пријатели и не се во тек со модата. Го сакаат Трамп. Најголем број од фалсификаторите биле Јарци.

Водолија

Водолиите сакаат забави. Нивното мото е „Секогаш и секаде“. Малку се носталгични по шеесеттите бидејќи тогаш можеле да шетаат голи и да не бидат уапсени. Многу сакаат да бидат голи. Уште подобро голи и пијани. Според нив сè е дозволено, зашто еднаш се живее. Поради тоа ги нервираат луѓето во нивната околина, а сметаат дека имаат космичко право за тоа. Веруваат дека ако се потрудат можат дури и да одат по вода. Повеќето рок-ѕвезди се Водолии.

Риби

Каде и да одат ги следи смеа. Не затоа што се духовити, туку затоа што се смешни. Лицата родени во овој знак се збунети со целата идеја за сексот. Немаат никаква ориентација во просторот и подобро избегнувајте да ги прашате да ви објаснат каде се наоѓа нешто. Ќе ве пратат со километри далеку во спортивна насока. Најчесто умираат од пад низ прозорец или ги прегазува камион. Додека Лавовите се стремат кон сопствено истакнување и привлекување на вниманието да станат познати, Рибите би сакале тоа да се случи сосема ненадејно. Велат дека сакаат искрена критика, меѓутоа ако им кажете дека нешто што направиле не ви се допаѓа, во состојба се да извршат самоубиство. Кога се расправате со Рибите не се повикувајте на логика, Рибите живеат во Нарнија. Плачат над телата на мртвите животни на патот, ама не би имале проблем со автомобилот да ги покосат неистомислениците. Раковите велат едно, а прават друго. Скорпиите кажуваат една работа и тоа од чист инает, Рибите секако ќе кажат премногу и ќе направат што сакаат во тој момент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.