На 19 првенци на генерација од сите основни и средни училишта во општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски денеска им додели дипломи и вредносни ваучери.
Во своето обраќање до првенците на генерацијата, до нивните професори и директорите на училиштата, градоначалникот Јованоски потенцираше дека дипломите и ваучерите кои им ги доделува Општина Прилеп, се скромен придонес и мотив повеќе за сите ученици да го надградуваат своето образование и да се стекнат со нови знаења.
Првенци на генерација од средните општински училишта се следните ученици:
Покрај дипломите, првенците на генерација од средните општински училишта беа наградени со по 6.000 денари, а најдобрите ученици од основните училишта во општина Прилеп, добија по 4.000 денари.