Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за првата фаза од Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Франција.
Нашата селекција е дел од Б групата и за место во елиминациската фаза ќе се бориме со Шпанија, Ангола, Тунис, Исланд и Словенија.
Со селекцијата на Тунис ќе се сретнеме по трет пат во последниве три години. По триумфот на Мундијалот во Катар, следуваше пораз на Олимписките квалификации во Гдањск и сега ќе се сретнеме во Франција.
Исланд ни е противник во квалификациите за Европското првенство додека голем интерес ќе предизвика и селекторскиот дуел меѓу Лино Червар и Веселин Вујовиќ кој седи на клупата на Словенија.
Од аутсајдерите противник ни е репрезентацијата на Ангола додека од фаворитите жрепката одреди да се соочиме со селекцијата на Шпанија.
Светското првенство се игра во периодот од 11 до 29 јануари.