Ова се прекрасните близначиња Анастасија и Габриел, првите бебиња родени во Македонија (ФОТО)

Нов почеток и нов живот. Анастасија и Габриел се првите родени бебиња – близначиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Женското бебе е родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот.

-На родителите им посакуваме добро здравје, успешна и среќна година. Мајката Снежана ја има целосната потребна здравствена заштита и нега. Упатуваме честитки за професионалноста до целиот медицински персонал во сите јавно-здравствени установи. Нека ни е среќна новата 2020 година, информираат од ГАК.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.