Ова се најидеалните парови помеѓу хороскопските знаци: Проверете дали сте дел од нив

Астрологот Францеска Одие, открила кои хороскопски знаци се совршени љубовни парови.

Овен и Вага

Иако не се знаци од ист елемент, овој хороскопски пар одлично се согласува. На Овенот му е потребен уреден, слободен простор во кој може да работи на своите проекти, додека хармоничната Вага знае како да постави ред, а тоа ги прави пар од соништата.

Стрелец и Лав

Двата знаци сакаат авантура и акција, поради што одлично се согласуваат во сè. Исто така, и Стрелците и Лавовите сакаат да зборуваат за сè, што значи дека ќе можат да создадат идеална ситуација за потребите на двата партнери.

Девица и Риби

Ова може да изгледа како чуден спој, но во овој случај точно е дека спротивностите се привлекуваат. Хаосот кај Рибите ја поттикнува Девицата уште повеќе да се организира. Важно е само Рибите да научат да го намалат хаосот во кој живеат и со Девицата да живеат во вистинска хармонија.

Бик и Шкорпија

Двата знаци многу го ценат приватниот простор и им треба време за себе. Овој пар ќе живее во хармонија, бидејќи ќе знае да ги цени приватноста и мирот на другиот партнер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.