Ова растение ќе ви помогне да се ослободите од стресот за помалку од 5 минути

lovor-pdp-600x397

Ловоровиот лист често се употребува во кулинарството, но дали сте знаеле колку тој е значаен за вашето здравје ? Дали сте знаеле дека со ловоровиот лист можете да се спасите од многу болести како и да се ослободите од стресот за помалку од 5 минути ?

Ловорот е богат извор на витамин Б кој помага за подобро функционирање на нервниот и мускулниот систем, влијае позитивно на метаболизмот како и на хормонскиот статус. Исто така, ова растение содржи и голем број на минерали како што се: калиум, бакар, манган, калциум, селен, магнезиум и цинк.

Ловорот може да се конзумира и како чај. Чајот од ловоров лист може да се користи како: чај против гихт, чај за искашлување, чај против грип и бронхит.

Ловоровиот лист може да ве спаси од стресот за помалку од 5 минути. Се што треба да направите е да запалите сув ловоров лист во некаков сад. Излезете од собата на 10 минути, а кога ќе се вратите ќе забележите сосема поразлична атмосфера. Ќе почувстувате пријатен и мирис кој опушта. Поради ослободувањето на одредени супстанци во воздухот, се создава позитивен проток на енергија. Вдишете длабоко и оставете мирисот да го смири вашето тело и дух.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.