Ова не смеете да го правите кога грми

grmi.jpg500

Во последно време се почесто сме сведоци на смртни случаи предизвикани од ударот на молња. За да не станете и самите жртва на ваква несакана несреќа потребно е да знаете како да се однесувате кога надвор грми.

Она што е познато е задолжително да ги исклучиме од струја електронските уреди како што се радиото, телевизорот, компјутерите, како и апаратите за домаќинство. Меѓутоа, што треба да се направи со мобилниот телефон?

Стручњаците се поделени околу тоа дали мобилните телефони привлекуваат молњи (громови), но сепак предупредуваат дека кога има невреме треба да се исклучат.

– Голем ризик е до себе да се држи вклучен мобилен телефон, бидејќитој е извор на електромагнетни бранови кои создаваат пат за атмосферскиот електрицитет. Кога грми опасен е секој спроводник во кој се наоѓа метал. Дури поставените изолации се често безпомошни, бидејќи громовите ги премостуваат – вели за српски „Блиц“, Млаѓан Ќуриќ, професор од српскиот Институт за метеорологија.

Други стручњаци, сметаат дека не е опасен самиот мобилен телефон, чие зрачење е зголемено единствено при неговото вклучување или гасење, и дека поопасно е местото на кое човекот се наоѓа. Тој директно е изложен на опасност ако стои на отворено и ако ја претставува највисоката и најистакнатата точка во околината.

Громовите не избираат каде ќе удрат, на отворено најчесто ги погодуваат осамените карпи и стебла, самиот човек во полето или било кој објект на рамна водена површина. Се случува да удрат и таму каде никој не ги очекува. Меѓутоа, ако околу човекот има згради тој нема да претставува мета.

Затоа кога има невреме, во домот не треба да се седи во близина на прекинувачите за струја ниту да се држат запаливи работи во нивна близина. Исто така треба да се исклучат од струја сите технички апарати.

– Ако телевизорот има антена на таванот, таа треба да се извлече од апаратот или да се извади кабелот ако оди преку кровот. На компјутерите треба да им се исклучи напојувањето, а на фиксните телефони да им се исклучи напојувањето или врската – советува докторот Милан Савиќ од електротехничкиот факултет во Белград.

Кога има невреме, река електрони кои тргнуваат од Земјата, од објектите кои зрачат прават пат за громот. Електроните, потоа поаѓааткон позитивно наелектризираните облаци во кои напонот се мери со стотини милиони волти. Громот тогаш удира по тој пат, кој му служи како спроводник.

Стручњаците во Институтот во Винча правеле експеримент на напуштен далековод кој одел преку една планина. На еден столб ставиле радиоактивни извори за громови, а на другиот, оддалечен стотина метри, не ставиле. Го мереле бројот на удари на двете места и потоа го поместиле изворот. Се покажало дека тој извор немал никаков удел, туку било пресудно колку квалитетно било заземјувањето на столбовите. Громот попрво ќе удри во силно дрво со голема влажност и во коренот, отколку во исушено дрво на сув терен, без силно заземјување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.