Ова не се гледа често: Голф 2 побрз од Ауди R8 – ВИДЕО

111

И покрај тоа што е во поодминати години, Голфот “двојка” и понатаму се гледа по нашите патишта. Сепак, ваков пример сугурно нема да пронајдете во  огласите за половни автомобили.

Добро зачуван, црвен Голф 2, со нископрофилни гуми, го привлече вниманието на сите фанови на овие легендарни автомобили ширум светот. Но, она што е особено необично е тоа што овој автомобил поседува погон VR6 турбо со дури 600 “коњи” моќност.

Благодарејќи на моќниот агрегат, оваа “двојка” е во состојба на должина од четврт километар да “изеде” автомобили како Ауди R8 V10, Meрцедес ML63 AMG и Форд Фокус ST.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.